Фудбалерите на Лидс на домашен терен го совладаа Барнли со 3-1.
Со оваа победа Лидс стигна до 43 бода и моментално се наоѓа на 14-тата позиција, додека Барнли останува 19-ти, односно претпоследен на табелата. За гостите ова е петти пораз во низа, додека Лидс речиси сигурно го обезбеди опстанокот во лигата.
Единствениот гол во првото полувреме падна во деветтата минута, кога Штах погоди со удар од поголема далечина. Топката го погоди десниот дирек и заврши во мрежата за 1-0.
Веднаш по почетокот на второто полувреме Лидс го удвои водството. Окафор ја прими топката во шеснаесетникот и прецизно погоди покрај долниот десен агол за 2-0.
Набрзо домаќините дојдоа и до трет гол. Калверт-Луин по интервенцијата на Дубравка најбрзо реагираше и ја смести топката во мрежата за 3-0.
Барнли покажа знаци на живот и во 67-та минута постигна гол преку Пирес, но ВАР системот го поништи поради офсајд. Сепак, гостите успеаја да се поправат само три минути подоцна, кога Чаун реализираше контранапад и го постави конечниот резултат 3-1.

