Лидс на добар пат да постави негативен премиерлигашки рекорд

Фулам го совлада Лидс со 2-1 во првиот денешен премиерлигашки меч, а двата тима најавија дека се на пат да постават рекорди.

Фулам има 45 бодови, нивен рекорд после 31 одиграни кола. Клупскиот рекорд им е 14 победи (засега се на 13) и 53 бода, што е релано достижно. Лондонскиот тим беше без Александар Митровиќ, но успеа по трети пат сезонава (двапати во лигата и еднаш во ФА купот) да победи против Лидс.

Фулам првпат после 1960 година успеа двапати во иста сезона да го победи Лидс. Тогаш Лидс испадна од елитното друштво, такво нешто му се заканува и сега.

Тимот од Јоркшир во месец април прими 18 голови, а негативниот премиерлигашки рекорд е 20 примени голови во ист месец. Лидс може лесно да го урне, бидејќи до крајот на април треба да одигра уште две средби (против Лестер и Борнмут).

- Оглас -

Најнови вести