Лидс нема премиерлигашка победа во 2023 година, шок-терапијата се знае, го сменија тренерот

По поразот од Нотингам форест и седмиот меч по ред без победа, раководството на Лидс се реши за драстична мерка и го смени тренерот Џеси Марш.

Американецот дојде во Лидс во февруари минатата година и издржа само 12 месеци на кормилото на клубот од Јоркшир.

Лидс сè уште нема победа во 2023 година во натпреварите од Премиер лигата и падна блиску до опасната зона за испаѓање.

Моментно имаат 18 бода на 17-тата позиција на табелата, прва што е над зоната за испаѓање, но еднаков број бодови има и Евертон, кој е под нив.

Борнмут има 17 бода, а Саутхемптон, кој е последнопласиран со 15 бода, што ја покажиува тешката ситуација во која се наоѓа Лидс.

Сè уште не е објавено кој ќе биде новиот менаџер што ќе го замени Марш.

 

 

- Оглас -

Најнови вести