Лидс објави официјална информација во врска со договорот на Алиоски

Премиерлигашот Лидс објави листа на фудбалери со кои нема договор за следната сезона и ја обелодени нивната судбина. На списокот е и македонскиот 29-годишен лев бек Езџан Алиоски, за кого Лидс сака да го задржи во своите редови и му има понудено нов договор.

Алиоски имаше продуктивна дебитантска сезона во англиското првенство, а од 2017 година е во Лидс. Но, Џани не е сигурен дали ќе остане во Лидс, се подготвува за настап на ЕП, и за него се шпекулира дека има добра понуда од Галатасарај.

- Оглас -

Најнови вести