Лига на нации: Лалињата расцутеа во Белгија, пиров 50-тиот гол сезонава за Бензема

Холандија ја прегази соседна Белгија со 4-1 и тоа е нивна најубедлива победа во меѓусебните дуели во последните 46 години. Бергвајн со петтиот гол на последните четири меча за Холандија, ја најави катастрофата на Белгија, која се насетуваше и кога се повреди Лукаку, па мораше да излезе во 27-ма минута.

Светскиот првак Франција, дома загуби од Данска со 1-2. Бензема го постигна својот 50-ти гол сезонава, и само ја засили својата кандидатура за играч на годината. Асистент при голот на ѕвездата на Реал Мадрид беше Нкунку, кој на полувреме влезе на местото на Мбапе.

Билансот на Бензема за националниот тим е 37 погодоци на 95 настапи.

Но, фудбалерот на Трабзонспор, Андреа Корнелиус, со два гола им донесе победа со пресврт на Данците. Ова беше меч од интересната група во која изненади и Австрија со убедлива победа од 3-0 на гостувањето кај Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести