Елмас ќе игра против Ливерпул, Ајакс и Глазгов ренџерс во ЛШ – Хичкок им тропна на врата на Баерн, Барса и Интер во Ц групата на смртта

Поранешните европски шампиони Баерн Минхен, Барселона и Интер со Викторија П’лзењ се во најтешката Ц група во првата фаза од Лигата на шампионите, одлучи ждрепката што се одржа вечерва во Истанбул.

Олдични предизвици ќе има и за Елиф Елмас со Наполи, а клубот од Италија ќе игра против повеќекратните европски прваци Ливерпул и Ајакс, заедно со Глазгов ренџерс во А групата.

Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб ќе имаат интересни предизвици во дуелите со Милан и Челзи и против Салцбург, во тешката група Е.

Група А – Ајакс, Ливерпул, Наполи, Глазгов ренџерс

Група Б – Порто, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Бриж

Група Ц – Баерн Минхен, Барселона, Интер, П’лзењ

Група Д – Ајнтрахт Франкфурт, Тотенхем, Спортинг, Олимпик Марсеј

Група Е – Милан, Челзи, Салцбург, Динамо Загреб

Група Ф – Реал Мадрид, Лајпциг, Шахтар, Селтик

Група Г – Манчестер сити, Севилја, Борусија Дортмунд, Копенхаген

Група Х – ПСЖ, Јувентус, Бенфика, Макаби Хаифа

 

- Оглас -

Најнови вести