Шпанските власти заклучија дека нема основа за кривична одговорност во врска со тешката несреќа во која загинаа поранешниот напаѓач на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот помлад брат Андре Силва.
Инцидентот се случи на 3-ти јули 2025 година во северна Шпанија откако нивниот автомобил излетал од автопат. По истрагата, судот пресуди дека причина за несреќата била дупната гума при претекнување. Автомобилот потоа удрил во безбедносна бариера на средната лента и се запалил.
Највисокиот судски орган во покраината Замора заклучи дека, по прегледот на сите докази, не е потребно да се преземат кривични мерки во случајот.
Сепак, ова не ја исклучува можноста роднините да ги бараат своите права преку граѓанска постапка.
Жота и неговиот брат патуваа кон пристанишниот град Сантандер, од каде требало да фатат траект за Велика Британија, бидејќи Португалецот требало да се врати во Ливерпул за предсезонски подготовки. Трагедијата се случи само 11 дена откако португалскиот фудбалер се венча со својата долгогодишна партнерка Руте Кардосо во Порто.

