Лигата на Европа преовладува во Супер типот на Sport Life

Изборот на натпревари редовно е богат во Супер тип-понудата на Sport Life. За денес има 16 натпревари кои дефинитивно мора да се искористат со цел да се зголемат потенцијалните добивки на ливчињата.

За обложување има хокеј од руската лига, неколку среби од кошаркарската Евролига, но со оглед на тоа дека е четврток, јасно е дека преволадуваат реванш-дуелите од Лигата на Европа.

Еден од коефициентите кои треба да се пробаат е „кецот“ на Наполи против Гранада, кој изнесува 1.75 во Супер типот. Без разлика што влече пристрасноста да се типува во корист на екипата на Елиф Елмас, Наполитанците се фаворити и би требало да ја стигнат негативата од два гола и да се изборат за пласман во осминафиналето.

Одлична квота носи и „кецот“ на Манчестер јунајтед против Реал Сосиедад. Иако Црвените ѓаволи ја завршија работата во првата средба со гостинската убедлива победа од 4-0, коефициентот 2.20 за победа на тимот на Солскјер делува како подарок.

- Оглас -

Најнови вести