Лигата на шампионите оди во историјата, ќе биде заменета со Европската премиер лига?!

Англиски „Скај спортс“ објави ексклузивна информација дека формирањето на фудбалската Европска премиер лига е во завршна фаза и наскоро треба да биде претставена пред јавноста. Во овој револуционерен процес, УЕФА е целосно игнорирана и главниот збор го има Светската фудбалска федерација, ФИФА, која ќе вложи 6 милијарди долари во новото натпреварување.

Според информациите, Европската премиер лига би почнала во 2022 година. Не се знае дали тоа ќе биде крај за Лигата на шампионите, но дефинитивно дека во Премиер лигата ќе играат најголемите и најбогатите, па ЛШ и да опстои, би била многу послабо натпреварување. Новата Европска премиер лига би била по примерот на кошаркарската Евролига, со 16 или 18 тима, кои би играле во лигашки систем секој со секого, а потоа осумте најдобри би влегле во плејофот.

Учесници би биле Реал Мадрид, Барселона, Баерн, Јувентус, ПСЖ, Атлетико, се преговара со шест англиски клубови (Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Челзи, Тотенхем, Ливерпул и Арсенал), а за еден од нив ќе нема место. Ќе има клубови од сите пет топ лиги во Европа, а се шпекулира дека најмногу пари од старт ќе добијат Реал и Манчестер јунајтед.

УЕФА сигурно нема да даде согласност за ова, па целата работа може да заврши на суд.

- Оглас -

Најнови вести