Лил брзо го заборави Николас Пепе

Францускиот вицепрвак Лил го совлада Анжер со конечни 2-1 во првиот меч од петтото коло во Лига 1. Данските доги благодарение на извонредниот Виктор Осимен дојдоа до нови три бода, а се чини дека младиот Нигериец брзо ги натера навивачите на клубот да заборават на Николас Пепе.

Рекордното засилување на Арсенал летово потпиша за Топчиите за сума од 80 милиони евра, напаѓачот кој лани реализира 22 погодоци и 11 асистенции во Лига 1, додека Лил го замени со Осимен за само 12 милиони евра, а младиот нигерсики репрезентативец вечерва го запиша петтиот гол за новиот клуб и засега е прв стрелец во францускиот шампионат.

Продолжувањето на голгетерската низа на Осимен беше знак дека Лил ќе дојде до нови бодови, а победата ја потврди Луис Араухо во 53-тата минута, иако гостите во финишот дојдоа до почесен погодок преку Бахокен.

https://www.youtube.com/watch?v=XGOVtktI8LA

https://www.youtube.com/watch?v=e4blF6J56EE

- Оглас -

Најнови вести