Лил оствари сензационален пресврт над Нант за само шест минути

Лил одново е на четири бода предност во однос на Лион во францускиот шампионат, откако „данските доги“ остварија сензационална победа на гостувањето кај Нант со конечни 2-3. Гостите не само што надополнија два гола негатива за краток период, туку го зедоа цел плен во рок од само шест минути.

По сиромашното прво полувреме, мразот го скрши Нант со головите на Ејсерик во 55-тата, односно Кулибали во 57-та минута. Лил одговори на идентичен начин, примија два брзи гола, па дадоа два брзи гола.

Во 63-тата минута Леао намали на 2-1, а само три минути подоцна Пепе погоди од белата точка за 2-2, но гостите не застанаа таму, во 69-тата минута со голот на Бамба остварија комплетен пресврт.

Со новите три бода Лил одново е на +4 во однос на третопласираниот Лион, имаат 60 бода, додека Нант ќе остане на 15-тото место со 31 бод.

https://streamable.com/zpfi8

 

https://streamable.com/jxseq

 

https://streamable.com/lth8d

- Оглас -

Најнови вести