Лил повеќе се радува на ремито со Лион

Лион ремизираше на домашен терен со Лил при конечни 2-2 во мечот од 35-тото коло во Лига 1. Сепак, од ова реми повеќе профитираше Лил. Со тоа што останаа непоразени во Лион, Данските доги сега се на три бода од осигурување пласман во Лигата на шампионите, додека Лион до крајот на првенството ќе се бори со Сент Етјен за третата позиција, од која се достига пласман во квалификациите за елитниот европски собир.

Терие беше стрелец на единствениот гол во првиот дел од мечот, а Реми и Сумаре до 70-тата минута го свртеа резултатот во корист на Лил. Конечниот резултат го постави Дубуа во 74-тата минута.

Лил ја задржа предноста од шест бода во однос на Лион, па во следното коло со триумф над Бордо и дефинитвно ќе се вратат на европската сцена. Лион, пак, има еден бод повеќе (63) од четвртопласираниот Сент Етјен, кој претходно денеска славеше на гостувањето кај Монако со 3-2.

- Оглас -

Најнови вести