Лилиан за Маркус Турам: Кога го плукна противникот, се прашував дали е мој син

Легендата на францускиот фудбал, Лилиан Турам, призна дека бил шокиран од постапката на неговиот син Маркус, кој на мечот на Борусија Менхенгладбах и Хофенхајм плукна противнички играч и доби црвен картон. Турам доби забрана за настап во следните пет меча на Менхенгладбах во првенството и во Купот на Германија, а ако направи некој прекршок до 21 декември 2021, ќе добие суспензија и од шести натпревар. Покрај тоа, од клубот е казнет со 40.000 евра.

„Кога го видов, останав во шок, се прашував дали тој е навистина мој син. Ми рекоа дека не било намерно, туку дека плукнал во лутина и плукната случајно завршила во лицето на противникот и тој самиот ми рече дека не било намерно и дека не сака луѓето да мислат дека е човек кој сака да ги плука другите. Прво што направи по исклучувањето беше телефонски разговор со брат му и му се извини и нему“, вели Турам сениор, кој беше ѕвезда додека играше за Парма и Јувентус, а со Франција во 1998 стана светски првак.

- Оглас -

Најнови вести