„Лилјаците“ во опасен налет, Валенсија ја има најдолгата серија во 100-годишната историја

Валенсија игра моќно и со победата против Реал Мадрид стигна до 17 меча без пораз по ред, серија што моментно е најдолга во топ 5 лигите во Европа и во 100-годишната клупска историја.

Етапата од 15-тото коло, кога Валенсија имаше само 4 бодови повеќе од екипите кои беа во опасната зона за испаѓање до 30-тото коло, кога популарните „лилјаци“ стигнаа на само еден бод до позиција која води во Лигата на шампионите, е најголем исчекор на екипа во најквалитетните европски првенства.

Последен тим што се радувал на триумф против Валенсија е Хетафе на 22 јануари во меч од Купот, но потоа и клубот од Мадрид беше преслушан и поразен во реваншот со 3-1. Оттогаш трае серијата од 17 натпревари без пораз во сите конкуренции, а токму Хетафе сега е најголемиот конкурент на Валенсија за место кое води во ЛШ.

Одличните игри на „лилјаците“ ги подгреваат надежите на навивачите и за освојување на пехарот во Лигата на Европа, каде што локалниот ривал Вилјареал ќе им биде противник во двомечот од четвртфиналето на 11 и на 18 април. И тука Валенсија има шанса со освојување на пехарот и да се пласира следната сезона во ЛШ.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести