Линделоф идентично како Агуеро се држеше за градите и бараше измена (ВИДЕО)

Виктор Линделоф предвреме го напушти теренот на натпреварот меѓу Норвич и Манчестер јунајтед, откако се пожали во болка на градите.

Сето ова се случуваше во 74-та минута, кога тој беше заменет со Ерик Баи, по што беше однесен во болница.

Сцените се идентични како од моментите кога Серхио Агуеро беше повлечен од игра на средбата против Алавеш и беше однесен во болница, за подоцна Аргентинецот да објави крај на кариерата поради срцева аритмија.

Сепак, според првичните резултати стоперот на Манчестер јунајтед нема никакви проблеми од тој карактер и треба набрзо да биде пуштен од болница.

- Оглас -

Најнови вести