Линиски судија „малку се занесе“, па влезе длабоко во теренот (Видео)

На финалниот плејоф-натпревар помеѓу екипите на Тристан Суарес и Сан Телмо од аргентинската Примера Б лига, кој го добија домашните со 1-0, се случи еден интересен момент кога камерите го уловија помошниот судија како влегува длабоко во терен, иако местото му е покрај аут-линијата, и тоа надвор од теренот.

Судијата Пабло Гуалтиери во 43-тата минута се загуби во просторот и втрча во теренот, се однесуваше како некој крилен играч. Сепак, брзо сфати каде е, па почна да се повлекува во својот „работен простор“.

https://twitter.com/i/status/1353895373874589702

- Оглас -

Најнови вести