Линискиот судија покажа офсајд, домашните играчи застанаа, Манчестер сити даде гол, а ВАР-технологијата го призна (Видео)

ВАР-технологијата досега покажа многу необични ситуации во фудбалот, а тоа што се случи на дуелот Вест Бромвич албион и Манчестер сити е еден таков момент. Сити водеше со 1:0 и напаѓаше, кога по една акција на гостите, линискиот судија покажа дека има офсајд, а домашните фудбалери застанаа мислејќи дека играта ќе биде прекината.

Сепак, тоа не се случи и главниот арбитер остави акцијата да заврши. Жоао Кансело даде одличен гол од 16-тина метри, а потоа се чекаше потврда од ВАР-собата дека имало офсајд. Сепак, наместо недозволена ситуација, повторената снимка покажа дека акцијата на Сити била регуларна.

https://youtu.be/2ws125Kd_Mc

Без разлика на оваа спорна ситуација, Сити е многу подобар тим и на полувреме води со 4:0 на гостувањето кај ВБА.

- Оглас -

Најнови вести