Лино Червар шокира: Меси е губитник и медиумски ас, не е лидер и победник како Роналдо!

Прославениот ракометен стручњак и некогашен селектор на македонската репрезентација и тренер на скопски Металург, Лино Червар (70), говорејќи во едно интервју, даде свое мислење и споредба на Лионел Меси и Кристијано Роналдо. За Лино, Меси бил „лузер“, а објасни и зошто.

„Не можам да кажам дека Никола Карабатиќ е најдобар, но сигурно е во кругот на најдобри на светот. Тој е вистински ас, нешто што на пример, Лионел Меси не е. Меси е само медиумски ас“ – рече Лино, а потоа продолжи да го критикува Аргетинецот.

„На пример, Марадона беше победник, како и Кристијано Роналдо, како и Балиќ и Карабатиќ во ракометот. За мене, Меси не е тоа. Тој со Барселона прими осум парчиња од Баерн. Каде беше Меси на тој меч? Тој мораше тогаш да преземе одговорност. Роналдо е победник, Меси е губитник. Да беше Меси толку голем ќе станеше светски првак со Аргентина. Роналдо е поголем од него, Роналдо дава голови кога треба, лидер е, вистински фудбалски ас, за разлика од Меси“ – дообјасни Червар.

- Оглас -

Најнови вести