Еурофарм Пелистер сезонава долго бараше вистинско решение на тренерската позиција, но на крајот не успеа да ја задржи шампионската круна, која повторно заврши во рацете на најголемиот ривал Вардар.
Сега од Хрватска пристигнува вистинска „бомба“ бидејќи Пелистер е многу блиску до договор со легендарниот Лино Червар, кој треба да го преземе тимот од следната сезона.
Искусниот хрватски стратег е добро познато име во македонскиот ракомет. Тој цели осум години беше дел од Металург, од 2009 до 2017 година, а воедно ја водеше и македонската репрезентација.
Червар зад себе има богата и трофејна кариера. Со Металург освои четири шампионски титули и три Купа на Македонија, додека со Хрватска стигна до светското злато во 2003 година и олимпиското злато во 2004 година. Беше и финалист на Европските првенства во 2008, 2010 и 2020 година.
Седумдесет и петгодишниот тренер е без ангажман од 2019 година, кога последен пат го водеше Загреб. Во кариерата работеше и во Италија, како и во Австрија со тимот на Клагенфурт.
Според последните информации, двете страни се блиску до конечен договор, а Червар од јули би требало официјално да седне на клупата на битолскиот клуб во обид повторно да го врати на шампионските патеки.

