Лион бара отштета од над 100 милиони евра за предвремениот прекин на сезоната

Претседателот на Олимпик Лион, Жан-Мишел Олас, бара 112 милиони евра отштета од Фудбалската федерација на Франција поради откажувањето на сезоната 2019/20 на 10 кола пред крајот на шампионатот.

Лига 1 беше една од првите фудбалски лиги кои одлучија да не ја доиграат сезоната по прекинот поради пандемијата со корона-вирусот, по што на 10 кола до крајот му ја доделија титулата на ПСЖ, а Лион како осмопласиран испушти пласман на едно од двете европски натпреварувања за првпат во 21 век.

Сумата која ја бара Олас е загубата од ТВ-правата на Лион за недоигрување на сезоната, но сепак француските медиуми веруваат дека неговото барање ќе помине безуспешно.

 

- Оглас -

Најнови вести