Лион ги прибира назад рекордните продажби

Корентен Толисо треба да биде следното засилување на Олимпик Лион. Производот на школата на Лавовите се враќа во матичниот клуб по пет години пауза, и тоа како слободен играч од редовите на Баерн Минхен.

Толисо е во топ 5 рекордните продажби на Лион, летото 2017 година потпиша за Баварците за сума од 41,5 милиони евра. Сега треба да потпише петгодишен договор со Лион.

Овој ангажман е идентичен како враќањето на Александр Лаказет. Втората најскапа продажба на Лион во истиот период си замина од клубот, потпиша за Арсенал за сума од 53 милиони евра, а пет години подоцна се врати во татковината.

- Оглас -

Најнови вести