Лион го чека позната судбина во Париз, Барса ќе лечи рани со Леванте

1710 Пари Сен Жермен – Олимпик Лион (21ч)

На ПСЖ речиси му е загарантирана победата во дербито против Лион ако се знае дека Светците ги добија претходните пет лигашки средби против Лавовите на домашен терен.

Отсуството на Икарди не би требало да претставува проблем за Тухел со оглед на тоа дека неговата екипа во дербито ќе влезе со речиси перфектна форма од четири победи и реми во последните пет меча во сите натпреварувања.

Лион пак, нема загубено од септември годинава и негува серија од четири победи во Лига 1, меѓутоа тимот на Руди Гарсија многу тешко излегува на крај со најскапото фудбалско дуо во светот, Нејмар и Мбапе.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.71)

 

1309 Барселона – Леванте (21ч)

Дури четири порази во 10 кола е потврда дека Барселона го има еден од најлошите почетоци на сезоната. Каталонците никако да воспостават стабилност откако Куман ја презеде клупата, а раните од поразите од Јувентус во ЛШ и Кадис во претходното коло од Ла Лига, ќе се се лечат против Леванте.

Гостите од Валенсија нема да сметаат на македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој уште закрепнува од повредата на грбот, па така и шансите им се речиси непостоечки за изненадување на „Камп ноу“.

Куман нема да смета на Дембеле, Пике, Фати, Роберто, но и без нив ќе треба да се одржи перфектниот учинок против Леванте на домашен терен.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (1.85)

 

3650 Милан – Парма (20:45ч)

Иако имаше најави дека токму во овој натпревар ќе се врати Златан Ибрахимовиќ, сепак првиот стрелец во Калчото е неизвесен за дуелот против Парма и многу веројатно ќе го проследи од трибините. Како и да е, Милан и без него игра добро и победува, а целта вечерва е да се оствари четвртиот триумф во низа во италијанското првенство.

Росонерите воедно негуваат скор од пет победи и реми во последните шест меѓусебни дуели против Парма, односно пораз на „Сан Сиро“ од оваа екипа немаат претрпено од март 2014 година.

Парма има само еден триумф во последните пет кола и се чини дека гостите нема да обезбедат поволен резултат во Градот на модата.

Предлог тип: 1 & 1+I & 1+II (1.74)

 

1010 Лестер – Брајтон (20:15ч)

Лестер излезе од кризата и успеа да наниже две победи против Шефилд и АЕК, а би требало и вечерва да запише позитивен резултат против Брајтон, тимот кој не знае за триумф над Лисиците во мечеви од Премиер лигата.

Гостите десеткувани ќе дојдат на „Кинг пауер“ стадионот во отсуство на клучни играчи како Лалана, Изквиердо, Пропер, па затоа се предвидува шестиот овосезонски пораз на Брајтон во англискиот шампионат.

Лестер кога триумфира против Брајтон редовно барем двапати ја тресе мрежата.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.0)

 

1809 Баер Леверкузен – Хофенхајм (18ч)

И двете екипи се соочуваат со огромни проблеми поради отсуства на бројни првотимци, па можеи затоа овој дуел ќе загуби на атрактивност. Како и да е, битката за бодови ќе биде интересна и неизвесна со оглед на тоа дека Фамацевтите веќе во четири меѓусебни дуели не знаат за победа над Хофенхајм.

Леверкузен е еден од двата тима во Бундеслигата кој сè уште нема претрпено пораз по 10 натпревари, и големи се шансите домаќините да го одржат тој позитивен скор.

Предлог тип: ГГ4+ (2.07)

- Оглас -

Најнови вести