Лион забележа важна победа на гостински терен против Монако со 1-3 во 17-тото коло во француската Лига 1.
Со овој триумф, Лион замина на двонеделната пауза во шампионатот во добро расположение, како петтопласиран тим со 30 поени, додека Монако има седум бода помалку и е на деветтата позиција.
Натпреварот го обележаа двојниот стрелец Павел Шулц и инцидентот со Мамаду Кулибали, кој прво постигна гол за Монако, а потоа доби директен црвен картон по екстремно груб старт врз Николас Талјафико.
Лион поведе во 38-та минута по корнерот кога Талјафико со глава ја проследи топката до Шулц, а чешкиот репрезентативец ја затресе мрежата на Филип Кун, кој претходно го замени повредениот Лукаш Храдецки.
Кон крајот на првото полувреме, Монако успеа да изедначи. Бирет со одлично додавање го проигра Балогу, а стоперот на Лион, Мата, се обиде да интервенира, но Кулибали влезе во дуелот и ја смести топката покрај излезениот голман Доминик Грајф.
Само пет минути подоцна Лион повторно поведе, а голот го постигна маестралниот Павел Шулц со прецизен шут од околу дваесет метри.
Драмата кулминираше во 71-та минута кога несмасниот Кулибали со „кунгу-фу“ удар го удри Талјафико и заслужено доби директен црвен картон.
Лион ја искористи предноста од играч повеќе и во 79-та минута Абнер Винисиус го постигна погодок за конечни 1-3, потврдувајќи ја победата во Монте Карло.

