Литванија го фати последниот воз за пласман на Евробаскетот

Литванците ја добија „мајсторката“ против Данска со минимални 77:76, во која се одлучуваше последниот патник на Евробаскетот 2022.

Литванија е последната, 24-та кошаркарска селекција која избори пласман во драматичниот финиш против Данците и како второпласирана од групата Ц си резервира место на континенталниот собир.

Во прилично израмнетиот дуел, Литванија го контролигаше резултатот до средината од третиот период, во кој данскиот национален состав се разигра и ја доби четвртината со 23:17, односно дојде до минимална предност. Литванија со серија од 6-0 експресно се врати во предност, но ѝ дозволи на Данска да се врати во игра, која потоа одговори на нова серија на противникот и во последните 40 секунди разликата беше само два поени во корист на Литванците. Зохоре утна едно од двете слободни фрлања во обид да израмни, а потоа следуваше промашувањето на Дарбо за евентуална победа на Данска.

Литванија така го фати последниот воз и им се приклучи на веќе пласираните Хрватска, Грција, БиХ, Израел, Шпанија, Словенија, Украина, Русија, Србија, Финска, Полска, Унгарија, Белгија, Холандија, Турција, Бугарија, Франција, Велика Британија, Естонија, како и домаќините на Евробаскетот, Италија, Германија, Грузија и Чешка.

- Оглас -

Најнови вести