Литвански голман си ја скрши „штиклата“, имаше среќа, не прими гол (Видео)

Голманот на израелскиот прволигаш Шмона, Џиугас Барткуш, се обиде да покаже фудбалска техника, но се посрамоти и за негова среќа, на крајот се извади и не прими гол.

Со популарната „штикла“, Литванецот сакаше да додаде до бекот на Шмона, топката го удри во другата нога и напаѓачите на Хапоел Кфар Саба имаа зицер за гол. И тие се сплеткаа, па целиот хаос мина без казна за голманот на домашната екипа.

Сепак, на крајот фудбалерите на гостинскиот тим славеа со 3:1, а потегот на Барткуш е еден од најсмешните фудбалски моменти во 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести