Литванците се силат дека ќе ја победат Македонија во Скопје

Македонската ракометна репрезентација в недела во салата „Јане Сандански“ ќе игра против Литванија во меч од последното коло од квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се игра следната година. Овој дуел директно треба да реши која селекција ќе го освои второто место во групата и директно ќе обезбеди место на завршницата.

Во нашата група, Словенија е неприкосновена со максимални 10 бодови. Литванија е втора со шест, а Македонија има четири бода. Нашата репрезентација мора да победи и тоа најмалку со два гола разлика, затоа што Литванија пред шест месеци на свој терен се радуваше со 29:27. Со една таква победа, Македонија ќе биде второпласирана, а Литванија како трета би чекала расплет од резултатите во останатите групи, па да чека место на континенталниот собир.

Македонија е фаворит пред мечот во „Јане Сандански“, но гостите од Литванија најавуваат дека не се плашат.

„Еднаш ги победивме Македонците. Секако, играњето на госински терен, пред нивните навивачи, со таква поддршка, е многу тешко. Сепак, ништо не е изгубено. Сè е во наши раце. Треба да се концентрираме, да го започнеме натпреварот подобро од оној со Словенија – вели Думичиус кој на клупска сцена е дел од германскиот второлигаш Елбфолоренц.

- Оглас -

Најнови вести