Ливерпул 100 години го чекаше Мо Салах (Видео)

Ливерпул чекаше цели 100 години за да има стрелец како Мохамед Салах, со голови на „Олд Трафорд“ на две гостувања по ред кај најголемиот ривал Манчестер јунајтед во иста сезона.

Вечерва репрезентативецот на Египет со гол во 90-тата минута ја запечати победата од 4:2 на Ливерпул против Манчестер јунајтед, а патем стана само вториот играч најмалку со еден погодок на „Олд Трафорд“ на два меча по ред во иста сезона.

https://twitter.com/Reds_ENG/status/1392949537250103301?s=20

Салах постигна два гола на претходното гостување на храмот на фудбалот во Манчестер, во меч од ФА купот на Англија, што се играше на 18 јануари годинава, а го добија Црвените ѓаволи со 3:2.

Претходно во сезоната 1920/21 тоа го стори Хари Чемберс, до вечерва единствениот со таков подвиг. Салах не дозволи да мине повеќе од еден век и успеа да го повтори делото на Чемберс.

Со голот вечерва Салах се израмни на врвот на листата со најдобри стрелци со Хари Кејн и двајцата одлични напаѓачи имаат по 21 гол во Премиер лигата.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести