Ливерпул да му покаже на Лајпциг дека не е Манчестер јунајтед

6001 Лајпциг – Ливерпул (21 ч.)

На неутрален терен во Будимпешта, Лајпциг ќе биде домаќин на Ливерпул, во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Двата тима имаат проблеми со повредени играчи, но факт е дека англискиот тим има поголем проблем околу составот.

Лајпциг со пет победи на последните шест меча и самодоверба „до небо“ се надева дека ќе стигне до позитивен резултат пред реваншот. Ливерпул е во најголемата криза откако на клупата е Јирген Клоп и има само три победи во последните 12 средби во сите натпреварувања.

Германците се оптимисти, посебно откако во последното коло од групната фаза во директен дуел го елиминираа Манчестер јунајтед. Сега нивен нов предизвик е англиски гигант, но во Ливерпул се убедени дека нема да ја доживеат судбината на Црвените ѓаволи.

Фактот дека влогот е голем и дека еден кикс може да има клучна улога пред реваншот, наведува на претпазлив меч, иако двата тима негуваат офанзивен фудбал.

Предлог тип: Х (3.55)

 

6002 Барселона – ПСЖ (21 ч.)

Головите треба да се загарантирани, а тоа го потврдува офанзивната игра на двата тима, но и традицијата. Во деветте претходни меча кои ги играле, секогаш имало минимум два погодоци. Барселона ја има фаворитската улога, но не треба да се заборави дека ПСЖ минатата сезона играше во финалето и сега целта на Светците е да отидат чекор напред.

Во еден ваков неизвесен меч, кој е тежок за прогнозирање, најдобро е да се држиме на традицијата и фактот дека имаат одлични напади двата тима.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.78)

 

1015 Викомб – Дерби (20:45 ч.)

Дуел на две екипи кои се во долниот дел од табелата во Чемпионшип. Дерби полека влегува во ритам и има четири победи во последните пет кола, додека Викомб е „закован“ на дното и речиси сигурно ќе испадне на крајот од сезоната.

Убедливо најслабата одбрана ја има Викомб во цела лига, но фактот дека игра на свој терен е најава дека ќе се обиде да постигне гол и да не се предаде предвреме.

Предлог тип: ГГ3+ (2.80)

 

1014 Мидлсборо – Хадерсфилд (20:45 ч.)

Двете екипи не се израдувале во последните пет кола. Мидлсборо од тим кој требаше да се бори за влез во Премиер лигата, сега заостанува далеку од првите две позиции. На свој терен Мидлсборо ги загуби последните четири дуели и сега се уверени дека таа очајна низа мора да сопре.

Хадерсфилд има само 14 бода од 10 гостувања сезонава и во просек прима речиси по два гола на меч.

Предлог тип: 1 (1.90)

 

1027 Бристол роверс – Портсмут (20 ч.)

Портсмут е со амбиции за влез во посилна лига во следната сезона и токму затоа не смее да губи од екипи кои се во долниот дел од табелата. Бристол претрпе осум порази во 12 дуели сезонава на свој терен, додека Портсмут има осум победи во 11 гостувања и одлични 22 постигнати погодоци.

Нема сомнение дека гостите се фаворити и треба да ги освојат трите бода.

Предлог тип: 2&3+ (2.85)

 

- Оглас -

Најнови вести