Ливерпул доминира, мрежите мируваат во Лондон

Ниту Тотенхем, а ниту Манчестер сити немаа решение за погодок во првото полувреме. Во Лондон сè уште го чекаме првиот погодок, а можеше да се случи во 13-тата минута. „Граѓаните“ добија најстрога казна, а Кун Агуеро не успеа да го надмудри Љорис, кој му го одбрани ударот од белата точка.

По консултација со ВАР-собата, судијата Којперс свирна пенал во корист на Сити, а тоа беше единствена поконкретна шанса на гостите, додека играчите на Тотенхем кои треба да му се заканат на Едерсон, засега се добро изолирани.

Во Ливерпул, избраниците на Јирген Клоп за помалку од половина час во два наврати се радуваа против Порто. Кејта во петтата минута донесе прва предност за Ливерпул, а Фирмино зголеми на 2-0 во 28-мата минута.

На другата страна на двапати се закани Марега, но неговите обиди ги среди раслопожениот Алисон.

По паузата се очекуваат повеќе возбудувања, особено во дуелот меѓу Тотенхем и Сити.

- Оглас -

Најнови вести