Ливерпул двапати во три дена ќе го освојува Лондон, во Мадрид температурите ќе паднат на -10

1108 Вест хем – Ливерпул (17:30ч)

Ливерпул се врати на победнички патеки совладувајќи го Тотенхем среде Лондон, па сега армијата на Клоп е во мисија да ја освои англиската метропола вторпат во три дена. Црвените со размонтирана одбрана гостуваат кај Чеканите кои е во серија од пет победи во сите натпреварувања, од кои четири се во Премиер лигата и затоа го држат респектабилното петто место на табелата.

Иако се поставува прашањето како Ливерпул ќе се одбрани без Ван Дајк, Фабињо и Матип, Клоп ќе се потрпе на нападот и фактот што Вест хем точно пет години нема остварено лигашки триумф над актуелниот шампион. Во две од последните четири гостувања, Ливерпул реализираше до четири гола против Вест хем, учинок кој може да се повтори и денес.

Предлог тип: Т2 2-4 (1.81)

 

1307 Кадис – Атлетико Мадрид (16:15ч)

Поразот од Реал во градското дерби добро му дојде на Атлетико, тимот на Симеоне од тогаш нареди седум победи во Ла Лига и сега има шанса да избеда на +10 бода на врвот на табелата во однос на актуелниот шпански првак.

Кадис имаше свои мигови со победите на големите Барса и Реал, но моменталната форма на домаќинот не дава надеж дека новајлијата ќе оствари сензација и против Јорганџиите. Само еден триумф во последните осум кола е знак дека Кадис нема доволно квалитет да се надигрува со најдобрата одбрана во Шпанија.

Предлог тип: 2 & 1+I (2.20)

 

1709 Лил – Дижон (17ч)

Данските доги цврсто се држат во трката за шампионската титула со ПСЖ и Лион, што го прави француското првенство интересно за следење првпат по подолго време. Домаќините со серија од три победи го пречекуваат тимот кој се бори за опстанок, а со оглед на тоа дека Лил има 7 победи на вкуно 11 меча на домашен терен, јасно е на кого ќе припаднат бодовите.

Лил од декември 2011 година ги има добиено сите дуели со Дижон на домашен терен, при тоа прими само еден гол во вкупно пет средби, но треба да се знае дека максимумот на домаќините е два гола по натпревар.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.02)

 

3009 Наполи – Парма (18ч)

Наполи демонстрираше сила во куп-победата над Специја во која со одличен погодок учествуваше и Елиф Елмас. Фактот што Руис уште е надвор од строј е шанса за македонскиот дијамант повторно да заигра од првата минута и да придонесе за нов позитивен резултат на екипата на Џенаро Гатузо.

Наполитанците повеќе немаат право на кикс во Серија А бидејќи во 18 натпревари имаат дури шест порази и едно реми, затоа се очекува триумф на домаќините иако Парма се радуваше во последното гостување под Везув. Меѓусебните дуели на овие две екипи редовно се ефикасни, па се очекува да биде разиграно на „Диего Марадона“ стадионот во Неапол.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.87)

 

1809 Волфсбург – Фрајбург (18ч)

Кога Волфсбург и Фрајбург се среќаваат, речиси е загарантирано дека мечот ќе биде исполнет со погодоци. Така беше во четири од последните пет меѓусебни средби кои завршуваа ГГ3+, па затоа најлогично е и денес да се очекува сличен исход.

Двете екипи во оваа средба влегуваат со променлива форма, но Волците се расположени по двете чисти гостински победи над Леверкузен и Мајнц со верба дека ќе влезат во победничка серија.

Предлог тип: ГГ3+ (2.07)

 

- Оглас -

Најнови вести