Ливерпул е лидер во Англија, го почести Клоп со победа во специјален момент (Видео)

Ливерпул го победи Њукасл со 1:0 и го почести менаџерот Јирген Клоп за новиот договор што извонредниот Германец го потпиша со клубот во текот на оваа недела.

Наби Кеита со одлична соло акција во 19. минута го постигна единствениот погодок на мечот на „Сент Џејмс парк“ и Ливерпул повторно е лидер во Премиерлигата, до мечот меѓу Лидс и Манчестер сити, што ќе се игра денеска од 18.30 часот.

Ливерпул со меч повеќе има 82 бода, два повеќе од шампионот Манчестер сити, но Граѓаните имаат еден меч повеќе за играње од големиот ривал за титулата.

Црвените играат импресивно и над 400 минути се без примен гол во сите натпреварувања.

Њукасл ја заврши серијата од четири победи по ред во Премиерлигата и остана на 43 бода на 9. место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести