Перфектен старт на Милнер и мајсторија на Кеита го водат Ливерпул на врвот (Видео)

Џејмс Милнер имаше перфектен старт во дуелот со Фабијан Шар во 19. минута и му овозможи на Наби Кеита на мајсторски начин да ја погоди мрежата на Њукасл и да му донесе предност од 1:0 на Ливерпул по првото полувреме на премиерниот меч од 35. коло во Премиерлигата.

Ветеранот Милнер со лизгачки старт ја освои топката во дуелот со дефанзивецот на Њукасл, а потоа мајсторски со перфектен дриблинг Кеита си направи простор и ја погоди мрежата на домаќините.

Ливерпул е во трка за титулата со Манчестер сити и ако победи на „Сент Џејмс парк“ ќе биде лидер барем до мечот меѓу Лидс и Манчестер сити што ќе се игра денеска од 18.30 часот.

Актуелниот првак Манчестер сити пред ова коло имаше еден бод предност пред Ливерпул, а трката за титулата е исклучително возбудлива.

 

- Оглас -

Најнови вести