Никој во Премиерлигата не може да го победи Ливерпул од 3 јануари наваму, а дека е тешко да се совлада европскиот првак во првенствен меч, се увери и повратникот во елитата, Астон Вила. Тимот од Бирмингем со голот на Египќанецот Трезеге водеше до 87-ма минута, а на крајот го загуби дуелот, откако Робертсон и Мане направија чудесен пресврт.
При негатива од 0-1, на Ливерпул му беше поништен гол поради минимален офсајд на Фирмино, потоа не беше досуден чист пенак за „црвените“, но во финишот имаа среќа и карактер.
Тага од овој резултат има и во Манчестер, особено кај фановите на Сити, кои се радуваа на победата од 2-1 со пресврт над Саутхемтон, но не дочекаа кикс на Ливерпул и приближување на „граѓаните“ до лидерот на табелата.
Ова е голот на Мане за триумф на Ливерпул:
https://twitter.com/i/status/1190673930823983105