Англискиот премиерлигаш Ливерпул покажува интерес за напаѓачот на Спортинг Лисабон, Луис Суарес, објавува португалското издание „Кореио да Мања“.
Колумбиецот има извонредна сезона за Лавовите од Лисабон. Тој постигна 33 гола и забележа седум асистенции во 42 натпревари оваа сезона.
Спортинг го доведе Луис Суарес минатото лето од Алмерија за близу 23 милиони евра.
Договорот на напаѓачот важи уште четири години, а откупната клаузула во договорот изнесува 80 милиони евра. Тоа не е сума која Ливерпул не би можел да ја исплати во целост доколку реши да го ангажира.
Напаѓачот веќе има искуство на англиските терени откако беше дел од Ватфорд. Исто така, играше и во Леонес, Гранада, Химнастик, Сарагоса и Марсеј.

