Ливерпул го врати човекот кој ја создаде „машинеријата“ на Клоп

Сопствениците на Ливерпул, одлучија да го вратат во тимот Мајкл Едвардс, кој на „Енфилд“ долги години со голем успех ја извршуваше функцијата спортски директор и е најзаслужен за трансферите на најголемите ѕвезди на екипата.

Едвардс во новиот мандат во Ливерпул ќе биде главен и одговорен за креирање на спортската политика на „Црвените“, а сопствениците се надеваат дека со неговото доаѓање ќе ги ублажат ефектите од заминувањето на менаџерот Јирген Клоп на крајот од сезоната.

 

Мајкл Едвардс 11 години беше дел од управата на клубот и со фантастичната трансфер-политика ја создаде шампионската екипа која ја предводи Клоп.

Тој на „Енфилд“ ги донесе Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк, Садио Мане, Алисон Бекер, Енди Робертсон, Диого Жота, Жоел Матип, Фабињо, Тијаго Алкантара, Ибрахима Конате, Наби Кеита, Џердан Шаќири, Џорџињо Вајналдум…

Едвардс исто така ја направи и најголемата продажба во историјата на Ливерпул кога ја натера Барселона да плати 142 милиони фунти за Филипе Кутињо.

Официјалната промоција на Едвардс во Ливерпул ќе биде идната недела.

- Оглас -

Најнови вести