Ливерпул го врати малерозниот Кариус назад во татковината

Ливерпул го даде Лорис Кариус на позајмица во редовите на Унион Берлин за претстојната сезона. Германскиот голман се врати во татковината, односно во Бундеслигата по четири години, каде што последно бранеше за Мајнц.

Кариус изминативе две сезони ги помина во турското првенство, во редовите на Бешикташ, откако го загуби своето место во составот на Јирген Клоп по неславниот настап против Реал Мадрид во финалето од ЛШ во сезоната 2017/18.

Новата позајмица е шанса за Кариус да си ја оживее кариерата, неговиот ангажман треба да претставува големо засилување за тимот на Унион, кој по две кола во шампионатот прими вкупно четири гола во поразот од Аугсбург, односно ремито со Менхенгладбах.

- Оглас -

Најнови вести