Ливерпул и ПСЖ ја вжештуваат трката за Јан Диоманде

Една од најголемите летни трансферни саги сигурно ќе се развива околу 19-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Јан Диоманде.

Офанзивецот висок 180 сантиметри веќе има девет настапи за националниот тим, а воодушеви во Бундеслигата со 12 гола и девет асистенции во својата прва сезона во дресот на Лајпциг.

Германскиот клуб сакал да го задржи и му понудил нов договор со откупна клаузула, но Диоманде смета дека е подготвен за чекор напред и трансфер во уште поголем клуб.

Најсериозен интерес за него покажуваат Ливерпул и ПСЖ, додека Лајпциг наводно бара повеќе од 100 милиони евра за неговиот потпис.

Доколку Диоманде заврши во Париз, Ливерпул би можел да се насочи кон Бредли Баркола, кој моментално настапува токму за францускиот шампион.

- Оглас -

Најнови вести