Ливерпул ја доби првата битка за трофеј против Манчестер сити во новата сезона (видео)

Ливерпул по 16-ти пат го освои трофејот во Комјунити шилд по победата од 3-1 над актуелниот англиски првак Манчестер сити. Цели 16 години тимот на Јирген Клоп чекаше да го освои овој трофеј, конечно и ова одличје го доведе германскиот стратег како предводник на славниот англиски клуб

Битката за првиот трофеј во Англија, кој се одигра на „Кинг пауер“ стадионот во Лестер, ја реши Мо Салах со прецизно изведениот пенал во 83-тата минута. Казната ја изнуди Дарвин Нуњес, откако неговиот обид со глава заврши во раката на капитенот Дијас, па судијата Довсон со помош на ВАР досуди пенал за Ливерпул.

Претходно Трент во 21-та минута ја отвори средбата со феноменален погодок од далечина. Халанд имаше прилика за израмнување, промаши зицер во 34-тата минута, па дури во 70-тата минута супер-замената Алварес погоди за 1-1.

Притисокот на Сити екпресно да се врати во игра беше ризик, па поради тоа следуваше и казна со официјалниот првенец на Дарвин Нуњес во 94-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести