Ливерпул ќе ги скроти опасните волци на Вулверхемптон

Ливерпул е инспириран по победите против Наполи и Манчестер јунајтед, мора да победува и против таканаречените помали тимови, па и вечерва е голем фаворит за освојување на бодовите против добриот состав на Вулверхемптон, вели Ѓорѓи Христов во најавата на неговите пет предлог-типови од новото коло во Премиер лигата.

 

Вулверхемптон – Ливерпул (петок, 21 часот)

Ливерпул има извонреден период, игра одлично, а дополнителна мотивација му се победите против Наполи во Лигата на шампионите и со Манчестер јунајтед во Премиер лигата. Избраниците на Јирген Клоп се во налет и се чувствува одличната атмосфера во нивниот табор.

По долг период, Ливерпул има реални шанси за титулата, моментот мора да се искористи, но за тоа се потребни победи во континуитет, особено против таканаречените мали екипи.

Вулверхемптон има многу португалски играчи, негува поинаков стил на фудбал од островскиот и е незгоден тим за победување, но Ливерпул е во страшна форма и ќе ги освои бодовите.

Предлог тип: 2 (1.70) Супер тип

 

Арсенал – Барнли (сабота, 13.30 часот)

Арсенал ги повторува старите слабости од минатото и поразите од послабите екипи повторно можат скапо да го чинат. Неуспехот против Саутхемптон е неочекуван и голем кикс за „топчиите“, на тоа се надоврза и поразот од Тотенхем во Лига купот, па трет кикс едноставно е недозволен за тимот од Лондон.

Барнли по половина век играше во европските купови и настапот во квалификациите за Лигата на Европа си го зема данокот со послаби игри во Премиер лигата. Реално, тие се таман гости за Арсенал да се врати во победнички ритам.

Предлог тип: 1&3+ (1.63)

 

Манчестер сити – Кристал палас (сабота, 16 часот)

Шампионот има многу опции, во составот се врати и Кевин де Бројне, што го прави Мначестер сити уште поквалитетен тим и апсолутен фаворит за победа против Кристал палас.

Гостите се спој на солидни индивидуалци, но тимски не играат добро и имаат минимални шанси за евентуална сензација.

Особено и поради фактот што Манчестер сити против нив игра одлично на домашен терен и бележеше убедливи победи во последните натпревари, двапати со по 5-0, еднаш со 4-0 и уште еднаш со 5-1.

Предлог тип: 1&3+ (1.38) 

 

Хадерсфилд – Саутхемптон (сабота, 16 часот)

Саутхемптон изненади со победа против Арсенал во минатото коло, но сега го чека еден поинаков меч против конкурент за опстанок.

Ова ќе биде меч на две екипи што не смеат да загубат, па ќе се игра повнимателно и очекувам дуел со малку голови.

Предлог тип: 0-2 гола (1.58)

 

Кардиф – Манчестер јунајтед (сабота, 18.30 часот)

Смената на Жозе Мурињо беше логичен расплет на кризата во која се наоѓа Манчестер јунајтед. Кога 30 играчи се против вас, се знае кој е виновникот и сега очекувам позитивна шок-терапија кај „црвените ѓаволи“ со новиот тренер Оле Гунар Солскјер.

Тој е човек од редовите на Манчестер јунајтед, одлично ги познава состојбите во клубот и очекувам да тргне со победа.

Кардиф е во долниот дел од табелата и е како порачан противник за Манчестер јунајтед во ваква ситуација. Очекувам играчите да му дадат поддршка на Солскјер и заедно со него да се радуваат на победа во Велс.

Предлог тип: 2 (1.63)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести