Ливерпул крие колку ќе паузира Мане, но јасно е

На фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане, му претстои пауза од три недели, најавуваат некои медиуми на кои не им се чекаше извештајот од Ливерпул околу повредата на Сенегалецот. Мане е еден од клучните играчи на Црвените, и затоа интересот за неговата состојба е голем. Клубот уште не се огласува со официјално соопштение, но според искуството кое го имале играчи со повреда како таа на Мане, му претстои пауза од околу три недели.

Ливерпул на 18 февруари треба да гостува во Мадрид кај Атлетико од осминафиналето во Лигата на шампионите, па најавите се дека ако работите одат според планот, Мане таман навреме ќе заздрави и ќе може да биде во комбинација за тој меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести