Ливерпул најави дебакл на Тотенхем, но бодовите ги освои со гол постигнат во 95-та минута

Фудбалерите на Ливерпул славеа со 4:3 против Тотенхем во дербито на 34-то коло во Премиер лигата, иако воведните минути од средбата најавуваа катастрофа на Петлите.

Тотенхем втор меч по ред што го игра на гости, катастрофално го започнува, претходно на „Сент Џејмс парк“ против Њукасл губеше со неверојатни 5:0 по 21 минута игра, а денеска на „Енфилд“ имаше негатива од 3:0 по само 15 минути.

Црвените фантастично го започнаа натпреварот и по само пет минути играа има водство од 2:0 благодарение на головите на Куртис Џонс и на Луис Дијаз.
Во 15-та минута, Мохамед Салах го реализира пеналот и најави нов пораз на Тотенхем.

Петлите не се предадоа и успеаја целосно да се вратат во игра. Прво Кејн во 39-та минута намали на 3:1, Сон во 77-та минута постигна гол за 3:2, а Ришарлисон во третата минута од судиското продолжение израмни на 3:3.

Сепак, на крајот бодовите останаа на „Енфилд“ благодарение на голот на Диого Жота во 95-та минута.

- Оглас -

Најнови вести