Ливерпул не успеа да победи третолигаш

Англискиот третолигаш Шревсбери направи подвиг и одигра 2:2 во дуелот со најдоминантниот клуб сезонава Ливерпул. Во мечот од 16-финалето на ФА Купот, Ливерпул со играчи кои најчесто се на клупата за резерви или играат во младинскиот состав, имаше водство од 2:0 благодарение на погодокот на Џонс и автоголот на Лов.

Третолигашот покажа дека не се предава и со двата гола на Кумингс во 65 и 75 минута стигна до 2:2 и се избори за повторен меч против англискиот гигант и тоа на „Енфилд роуд“. Откако Шревсбери успеа да израмни, тренерот на Ливерпул Јирген Клоп во игра кај гостите ги внесе Мохамед Салах и Роберто Фирмино, но премалку беа 10-тина минути за фаворитот да стигне до посакуваниот трет гол и победа.

За разлика од Ливерпул, двата клуба од Манчестер беа успешни денеска. Сити со 4:0 на свој терен го елиминираше Фулам, а Јунајтед на гости со 6:0 го растури Транмере.

- Оглас -

Најнови вести