Ливерпул победува на „Олд Трафорд“: Точно 1200 прогнозери нудат тикет со коефициент 571

Точно 1200 учесници беа дел од 7. коло на Спортска прогноза, во кое фокусот на вниманието го привлекува дербито на двете најтрофејни клуба во Англија, Манчестер јунајтед и Ливерпул. Мечот се игра на „Олд Трафорд“, но прогнозерите се повеќе од песимисти дека навивачите на Црвените ѓаволи може да се радуваат на триумф.

Само 10, 6 отсто од вкупно 1200 прогнозери веруваат дека Манчестер ќе победи против Ливерпул, додека 26,8 отсто се за нерешено. На ова дерби доминира двојката. Дури 62,6 отсто очекуваат Ливерпул да ја продолжи перфектната низа во првенството и да стигне до деветата победа во деветото коло. Во Sport Life, коефициентот за победа на Ливерпул е 1,72. 

Освен дербито на „Олд Трафорд“ во денешната понуда има уште шест дуели. Возбудувањата започнуваат уште на пладне кога играаш Алавес и Селта Виго. Дури 51,6 отсто од прогнозерите, односно над 600 играчи веруваат дека нема да има победник на овој меч. Коефициентот за икс е 2,95. Како најочекувана опција дека ќе биде нерешено е и на мечот Удинезе – Торино, каде 44,1 отсто очекуваат реми. 32,5 отсто веруваат во победа на Торино, а 23,4 се за радост на домаќините. За реми на овој дуел, коефициентот е 3,10. 

Во француското првенство се очекуваат две победи на домаќините. Бордо треба да го победи Сент Етјен (60,3 отсто прогнозираат 1), додека 78,9 проценти од прогнозерите се за единица на дуелот Монако – Рен. Победа на Бордо е со коефициент 2,35, а за Монако коефициентот е 1,75.

И Парма е фаворит за радост на свој терен против Џенова, бидејќи 57,4 отсто од прогнозерите очекуваат „кец“ со коефициент 2,60. Во исто време со овој меч во Италија ќе се игра и дуел во Бундеслигата меѓу Хофенхајм и Шалке. Ова е средбата на која  прогнозерите се со најмногу дилеми. За реми се 36,5 отсто, во двојка веруваат 34,8 отсто, а за победа на Хофенхајм се 28,8 отсто. Иксот е со коефициент 3,40.

Кога ќе се помножат коефициентите на овие седум меча се добива вкупен одличен коефициент од 571,83. Тоа е коефициент кој е најреален според прогнозите на 1200 играчи на Спортска прогноза за овоа коло. Тоа значи дека за 100 вложени денари можната добивка е 57.183 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести