Ливерпул против Митјиланд ќе испише историја, го чека 10.000 гол во клупската историја

Ливерпул е апсолутен фаворит против Митјиланд, а дуелот на „Енфилд Роуд“ треба да има посебно значење. Акглискиот првак во клупската историја досега има постигнато 9.999 погодоци, што значи дека се чека јубилејниот 10.000 гол во клупската историја на трофејниот англиски клуб.

Во последниот меч што го одигра, Ливерпул со 2:1 го победи Шефилд, а погодокот на Диого Жота беше последен 9.999 откако е формиран клубот.

Митјиланд е клуб кој тешко дека ќе успее да се одбрани од нападите на Ливерпул, а прашање е кој ќе биде стрелец на првиот погодок вечерва за домаќините, а со тоа ќе си обезбеди и место во клупската историја.

Традицијата вели дека Ливерпул на последните 11 меча одиграни на 27 октомври секогаш победувал. Оваа низа трае уште од 1973 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести