Ливерпул првпат во 2021 година дома даде гол од игра, и ги кутна ВАР и Астон Вила (Видео)

Ливерпул мораше да чека до 91-ва минута за освојување на три бода против Астон Вила. Со оваа победа од 2-1, Црвените се изедначија со четвртиот Вест Хем, кој има и еден натпревар помалку, па сега пласманот во Лигата на шампионите за актуелниот премиерлигашки шампион е реалност.

Триумфот над Астон Вила го донесе Трент Александер Арнолд со убав гол во 91-ва минута, откако половина час претходно, Мохамед Салах изедначи на 1-1 по водството на гостите од Бирмингем по првото полувреме.

Момент по кој ќе се памети мечот е (не)оправдано поништениот гол на Ливерпул во првото полувреме, по прегледување на снимка со ВАР технологија.

https://twitter.com/i/status/1380911905049616390

- Оглас -

Најнови вести