Беше ли ова офсајд? ВАР системот процени дека беше и на Ливерпул му поништија гол (Фото+Видео)

Астон вила води со 1:0 на гости кај Ливерпул, но домаќините може да жалат што не е нерешено на полувреме. Во судиското надополнување, Ливерпул преку Фирмино постигна гол, домаќините се израдуваа, но потоа се појави ВАР системот.

Преку повторената снимка се проверуваше дали имаше офсајд во ситуацијата по која домаќините израмнија. По првичното покажување на снимката делуваше дека нема шанси да е офсајд, но кога се измери раката на домашниот играч, одлуката на ВАР системот е дека голот бил нерегуларен.

Сами процените дали одлуката на ВАР системот е правилна или не.

- Оглас -

Најнови вести