Ливерпул со гол во 99-тата минута го победи Нотингем и останува лидер , магичен пресврт на Тотенхем (Видео)

Лидерот на премиерлигашката табела, Ливерпул, ја продолжи серијата победи во Премиер лигата и со гол во 99-тата минута дојде до победата над Нотингем форест на гости. Човек на одлука беше уругвајскиот интернационалец Дарвин Нуњез, кој во 99-тата минута со удар со глава успеа да го совлада противничкиот голман.

Ливерпул со оваа победа му избега на Манчестер сити четири бода на врвот на табелата во Премиер лигата, па сега притисокот е на „граѓаните“ утре да мораат да го победат градскиот ривал Манчестер јунајтед и повторно да се доближат на само бод од Ливерпул.

Фудбалерите на Тотенхем направија херојски пресврт против Кристал палас и тоа во последните десеттина минути за победа од 3-1. Гостите во 59-тата минута дојдоа во водство преку Езе, но Вернер, Ромеро и Хеунг-мин со голови од 78-мата до 88-мата минута направија комплетен пресврт и го вратија Тотенхем во игра за пласман во Лигата на шампионите.

Нов кикс направија фудбалерите на Челзи, кои иако имаа водство, сепак, не успеаја да го победат Бренфрод на гостински терен. Екипата од „Стемфорд бриџ“ поведе во 35-тата минута преку Џексон, но Брентфорд направи комплетен пресврт преку Расмусен и Виса. Челзи од пораз се спаси во 83-тата минута со голот на Дисаси.

Резултати:

Брентфорд – Челзи 2-2
Евертон – Вест хем 1-3
Фулам – Брајтон 3-0
Њукасл – Вулверхемптон 3-0
Нотингем Ф. – Ливерпул 0-1
Тотенхем – Кристал палас 3-1

- Оглас -

Најнови вести