Ливерпул едвај го победи тимот кој сега има 58 бода помалку од лидерот

За прв пат во историјата на Премиер лигата се одигра меч на кој пред почетокот, едниот тим има дури 55 бодови повеќе од противникот. Ливерпул како лидер гостуваше кај Норвич и на крајот не дозволи изненадување, па победи со 1:0 за нови три бода.

Низ историјата на Премиер лигата вкупно 13 пати имало мечеви на екипи меѓу кои разликата била 55+ бодови, но тоа никогаш не се случило да биде во средината на февруари. Иако Ливерпул беше голем фаворит, Норич во првиот дел од игра одлично и имаше голема шанса за водство, но голманот на гостите, Алисон имаше фантастична интервенција пред да дојде топката со напаѓачот Пуки.

Во второто полувреме, Ливерпул притисна, а тоа се исплатеше во 78 минута кога погоди Садио Мане. За Сенегалецот ова беше јубилеен 100-ти гол во дрес на англиска екипа. Мане има дадено 25 голови како играч на Саутемптон, а сега има 75 погодоци во дресот на Ливерпул.

За Ливерпул ова беше 25-та победа во 26-тото коло и сега има неверојатни 76 бодови во оваа фаза од првенството. Норич остана на дното од табелата со само 18 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести