Ливерпул во октомври доаѓа во нашето соседство

Ливерпул доаѓа во Бугарија кон крајот на октомври за да учествува на турнир за деца родени 2008 година и помлади. Турнирот во Софија е во организација на клубот ЦСКА. Талентите на Ливерпул требаше да играат во главниот бугарски град овој месец, но поради корона-вирусот, турнирот е презакажан за крајот на октомври (29-31 октомври).

Освен Ливерпул, потврда за учество на „Црвениот куп“ дојде и од италијанскиот Калјари, кој ја има една од најсилните фудбалски школи.

- Оглас -

Најнови вести