Ливерпул за малку „сам ќе се победеше“ против Фулам (Видео)

Ливерпул стигна до посакуваните три бода на гостувањето кај Фулам, победувајќи со 2:1 на „Кревин Котиџ“. Гостите беа апсолутни фаворити, но до триумфот стигнаа потешко од очекуваното. Садио Мане погоди во првиот дел за водство на Ливерпул од 1:0, резултат кој беше активен до 15-тина минути пред крајот.

Фулам израмни на 1:1 благодарение на катастрофалната грешка на одбраната на гостите. Ван Дајк не се договори со голманот Алисон кој треба да тргне на топката која не требаше да биде посериозна опасност, но откако двајцата лошо реагираа, Рајан Бабел израмни на 1:1. Некогашниот играч на Ливерпул не сакаше да се радува на погодокот.

Спасот за Ливерпул дојде во 81 минута. Беше досуден пенал, а Џејмс Милнер покажа дека е речиси непогрешлив. Успеа да погоди по 13-ти пат од последните 14 изведени удари од белата точка.

Ливерпул сега има 76 бодови и е лидер во Премиер лигата, додека Манчестер сити е втор со 74 бодови, но и меч помалку.

https://youtu.be/R2xTOGAEv4o

- Оглас -

Најнови вести